Serbian English Macedonian Russian
Sep 20

ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДПСМ ИВАН СТОИЛКОВИЌ ЗА ИТАР ТАСС

  

blanck
ivan stoilkovic- dobra

 

 

itar-tass_logo

 

  ITAR-TASS RUSSIAN NEWS AGENCY

REPRESENTATIVE IN SKOPJE


Macedonia, Skopje                                                                                                            tel/faks: (02) 2735249

Ul. Rilski Kongres,                                                                                                    e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите



До господин Иван Стоилковиќ, претседател на ДПСМ

 

Дозволете најпрво од името на државната руска новинска агенција ИТАР-ТАСС да ви се заблагодарам за честа што ни ја укажавте со прифаќањето на интервјуто, како и да изразам надеж за наша понатамошна успешна соработка.

 

Во прилог ви ги испраќаме следниве прашања:

 

  1. Како ги оценувате билатералните односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија? Во каква насока треба да се очекува нивниот развој? Кој е ставот на Вашата партија по однос на ова прашање?
  2. Како го оценувате сегашниот однос на актуелната Влада кон Русија, во смисла на надворешна политика и приоритети?
  3. Претседателот на Руската Федерација покрена иницијатива за Договор за европска безбедност. Смислата е следнава –во областа на воено-политичката безбедност во Евро-Атлантикот да се создаде едно, единствено пространство и на тој начин конечно да се расчисти со наследството од „студената војна“. За таа цел Дмитриј Медведев предложи во меѓународното право да се зацврстат принципите за неделива безбедност. Станува збор за правни обврски, во согласност со кои ниту една држава, ниту една меѓународна организација во Евро-атлантикот нема да можат да ја засилуваат својата безбедност за сметка на безбедноста на другите земји и организации. Сметате ли дека вреди раководството на Република Македонија да ја поддржи горенаведената иницијатива?
  4. Владата на Република Македонија постојано става акцент на неопходноста од привлекување на странски инвестиции. Но, во исто време, руските компании во Скопје постојано се соочуваат со различни бирократски бариери. Ве молам да ми дадете коментар на ова прашање.
  5. Каква е вашата позиција во однос на евентуалното вклучување на Република Македонија во гасоводниот систем „Јужен тек“?
  6. Во последно време се почести се гласовите за предвремени парламентарни избори. Каков е Вашиот став по ова прашање и како ги проценувате Вашите шанси доколку се случат тие предвремени избори?
  7. Можете ли да ни раскажете нешто за историјата на Вашата партија и колкаво членство брои во моментов?

Со почит,

Александр В. Борисов

Шеф на претставништвото на ИТАР-ТАСС

во Република Македонија

и Република Албанија

 


mia-logo


Интервју со претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ за ИТАР-ТАСС
 

Како ги оценувате билатералните односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија? Во каква насока треба да се очекува нивниот развој? Кој е ставот на Вашата партија по однос на ова прашање?

Граѓаните на Руската Федерација отсекогаш имале топол и покровителски однос кон граѓаните на Македонија, кој Вашата држава конструктивно го потврди на 31 јануари 1994 година кога меѓу првите ја призна Република Македонија. Во услови кога една држава грчевито се бори да биде признаена и прифатена во меѓународната заедница под своето уставно име, има ли подобра и поцврста појдовна основа за развој на билатерални односи од онаа што со својот акт ја зацементира Руската Федерација? Континуираната поддршка која Руската федерација ја практикува низ сите фази на развојот на Македонија јас ја толкувам како ширум отворена врата, како простум подадена рака и бев многу несреќен, како и повеќето граѓани на Македонија, а особено од редовите на народот кој јас го претставувам, што таа рака толку долго висеше во воздухот, и тоа пред се на штета на интересите на граѓаните на РМ.

Сега гледам напредок, пресврт и отворање на нови хоризонти. Како Претседател на ДПСМ и пратеник во Собранието на Македонија,  без оглед на различитите  надворешно политички приоритети по одредени прашања, тука пред се мислам на односот на Република Македонија кон НАТО и проблемите со затварањето на клириншкиот долг на Руската Федерација кон Македонија, очекувам интензивна заинтересираност за понатамошно продлабочување на одличните односи помеѓу двете држави, посебно од страна на Република Македонија, бидејки Руската Федерација е еден од најзначајните меѓународни фактори со кој не поврзува долга историска и културна традиција, како и економските интереси, кои во иднина помеѓу другото ќе ги определуваат меѓународно политичките односи.

Како го оценувате сегашниот однос на актуелната Влада кон Русија, во смисла на надворешна политика и приоритети?

Односот на македонската Влада кон Руската Федерација пред се е определен од надворешно-политичките приоритети на Република Македонија. Стратешката определба на Република Македонија за целосна интеграција во евро-атланските структури  објективно го ограничува развојот на односите и соработката со Руската Федерација. Но сега имаме нов момент, Договор за стратешко партнерство помеѓу Руската Федерација и Република Македонија, имаме конкретна манифестација на почеток на нова реалност. Ограничувачките фактори секако нема да исчезнат, но потребно е да се продолжи со континуирано охрабрување во смисла на искрен пристап и меѓусебно уважување.

Претседателот на Руската Федерација покрена иницијатива за Договор за европска безбедност. Смислата е следнава – во областа на воено-политичката безбедност во Евро-Атлантикот да се создаде едно, единствено пространство и на тој начин конечно да се расчисти со наследството од „студената војна“. За таа цел Дмитриј Медведев предложи во меѓународното право да се зацврстат принципите за неделива безбедност. Станува збор за правни обврски, во согласност со кои ниту една држава, ниту една меѓународна организација во Евро-атлантикот нема да можат да ја засилуваат својата безбедност за сметка на безбедноста на другите земји и организации. Сметате ли дека вреди раководството на Република Македонија да ја поддржи горенаведената иницијатива?

Воспоставување на нова архитектура на европската безбедност наместо стара евроатланска арена е мошне сериозно прашање, особено за мала економски и војно-политички слаба земја како што е Македонија, посебно доколку истата гаранциите за својата безбедност ги гледа единствено во целосната интеграција во евро-атланските структури. Македонија, која секако не може да биде фактор кој битно ќе придонесе кон заживување на оваа инаку епохална и една од најважните надворешно политички иницијативи не само за оваа туку и за годините што доаѓаат, мора да внимава да не се оддалечи од своите евроинтеграциски и НАТО перспективи, да не ја загрози својата економнска и геополитичка стабилност. Во политичките кругови на Република Македонија  во тек е сериозна анализа на сите аспекти од содржините на предложениот текст, но сепак некој ќе мора да собере храброст и да излезе на руската страна да и го соопшти негативното мислење. А замислете како е кога треба да дадете негативно мислење на еден предлог кој подразбира баланс и равноправност  во меѓудржавните односи каде што никој нема да може својата безбедност да ја остварува на сметка на друг, што секому, па и на Македонија, суштествено му одговара!? Овој концепт на Претседателот Медведев  несомнено суштествено ќе влијае врз постоечката европска и евро-атланска безбедносна ситуација и значајно ќе ги редефинира местото и улогата на ОБСЕ и НАТО во смисла на нивно конципирање врз други основи. Но не сум сигурен дека НАТО е спремен да ја редефинира сопствената политика, а кога е тоа така, тоа е неприфатливо и за Република Македонија.

Владата на Република Македонија постојано става акцент на неопходноста од привлекување на странски инвестиции. Но, во исто време, руските компании во Скопје постојано се соочуваат со различни бирократски бариери. Ве молам да ми дадете коментар на ова прашање.

Кога станува збор за ова прашање не треба да се заборави дека е откажано реализирањето на повеќе меѓудржавни средби на највисоко ниво, затоа што Мешовитата комисија за трговска, економска и научно-техничка соработка  се уште не најде решение за повеќе прашања, меѓу другите и за ова прашање, затоа што Руската Федерација смета дека е потребно позабележително присуство на Лукоил во Македонија од една страна и од друга страна бара да се отстранат административно бирократските бариери и да и се овозможи непречена работа на компанијата што би значело и позначително учество во македонската енергетика.

Не е во интерес ниту на една Влада, ниту на еден граѓанин да се стопираат странски инвеститори бидејки бојата на парите насекаде на светот е иста, но можеби постојат сили заслепени од евро-атланските интеграции кои прават разлики дури и таму  каде што ги нема и каде што не смеат да постојат. Руската Федерација е сериозен партнер и од суштински интерес на македонското стопанство е македонската држава серизно и конструктивно да се однесува кон овој економски џин во подем.

Каква е вашата позиција во однос на евентуалното вклучување на Република Македонија во гасоводниот систем „Јужен тек“?

Вклучувањето на Република Македонија во гасоводниот систем Јужен ток е нејзина потреба и интерес. Ако ги почитувате сопствените потреби и интереси тогаш барајте и решение како да ги остварите. Се надевам дека кога станува збор за ова  прашање Владата несебично ќе се ангажира и Република Македонија да биде дел од овој проект од повеќе причини, а ќе ја издвојам можеби најважната: во време на битката за енергија Руската Федерација со своите природни богатства во најскоро време, таа веќе е,  ќе стане уште помоќна  енергетски-економска суперсила.

Во последно време се почести се гласовите за предвремени парламентарни избори. Каков е Вашиот став по ова прашање и како ги проценувате Вашите  шанси доколку се случат тие предвремени избори?

Во Република Македонија од нејзиното осамостојување до денес  не постоело постабилно парламентарно мнозинство од денешново, така да од тој аспект во овој момент не гледам потреба па дури ни можност од вонредни парламентарни избори. Што се однесува  до нашата Партија ние секогаш сме спремни за избори и нашата шанса ќе ја бараме во промените на изборното законодавство, односно гарантирани места за помалите етнички заедници, а доколку тоа не биде случај заради силниот коалиционен капацитет на нашата Партија очекуваме уште еден изборен  успех.

Можете ли да ни раскажете нешто за историјата на Вашата партија и колкаво членство брои во моментов?

Демократската партија на Србите на Македонија е една од прво регистрираните политички партии во  Македонија со мошне тешка задача, во услови кога Србите беа изоставени од Уставот на Република Македонија и исклучени од јавниот и политички живот и кога им се наметнуваше системот на колективна одговорност за настаните во предходна Југославија, да го сочува  своето национално ткиво, одбрани  своето национално достоинство и потврди своето повеќевековно присуство на овие простори. Нормално, како и секој политички субјект, бележевме успони и падови во својата работа и затоа ќе оставиме за нашата работа да зборуваат и времето и другите. Инаку ние сме мошне мобилна и добро организирана партија со над 7.000 пристапници, со 3.700 исклучително активни членови распоредени во 24 општински организации ширум Македонија, со броен подмладок кој интензивно работи на подобрување на својата иднина. Отворени сме за соработка и важиме за еден од најконструктивните партнери на македонската поличка сцена.   

19. 09. 2010.

blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.