Serbian English Macedonian Russian
Jun 07

ЧУВАР НА ОГИНОТ! - Иван Стоилковиќ

ivan stoilkovic kanc2

Да се биде Божји пастир секако не е лесно. Но претпоставувам дека исто така воопшто не е лесно ни да се биде дежурен „чувар на огинот“. Особено доколку тоа мора да се прави со постојано измислување нови непријатели и поттикнување општонародна хистерија во која истите ќе бидат промовирани. Па така, присуството на владиката Јован на скопската Академија по повод Свети Сава, најголем празник на Србите, чија пот и животи се вградени во темелите на државата, слава на која секој е поканет и очекуваме секој што барем малку не’ почитува да ни дојде или барем да ни честита, со сесрдна помош од некои медиуми е искористено за создавање клима погодна за промовирање на „гревот“ на Иван Стоилковиќ. За жал, своето место и улога во оваа фарсична монтировка си го најде и еден епископ кој, долевајќи масло на задушениот огин на веќе видената острастеност, се обиде повторно да се наметне како спасител. Може, но на наша сметка веќе не.

Бидејќи сум директно посочен како еден од учесниците на наводната „српска бламажа“, директно и ќе одговорам. Епископот ме нарече „лидер на Србите во Македонија“, а јас ќе го потсетам дека, за разлика од него и нему сличните, секогаш, често и над рамките на објективните можности на политичкото дејствување, доследно почитувајќи ја секуларноста на државата, максимално сум се залагал за конструктивно разрешување на црковниот спор.

Во рамките на таквите заложби, секако, стои и тежнеењето за обезбедување полни верски права и слободи за делот на српскиот народ кој живее во Република Македонија, се подразбира, без диригирано менторство и туторство од која било страна. Воопшто немам намера да навлезам во матрицата на настојчиви или непримерени докажувања, првин затоа што тоа на еден добар христијанин не му прилега. Се подразбира, не мислам дека сето ова треба на неодмерен начин, со нехристијанско етикетирање, па и навреди, некому да му се нацрта за да му стане јасно.

Дали сега ова „присторување“ на епископот Агатангел може да се оправда и со евентуалното негово препознавање во моето неодамна јавно поставено прашање: „Зарем политичките функции и статусот на тројца владици е поважно од надминување на повеќедеценискиот раскол, меѓународното признавање на Македонската православна црква (нејзината автокефалност) и остварувањето на правото на слобода на вероисповед на Србите во Македонија?“. Од еден епископ се очекува многу повеќе флексибилност, дипломатски такт и вештина отколку од еден политичар. Но не по секоја цена, не без аргументи, не со подметнување, не со навреди.

Со поканата за присуство на Светосавската академија не само на „непосакуваниот“ архиепископ-поглавар на ПОА, како што ни се припишува и како што е вистина, туку и на поглаварот на МПЦ-ПОА, како што повторно е вистина, а што не ни се припишува, ние исто како и во минатата година по ист повод го потврдивме нашето почитување, уважување и славеничка љубов без поделби и предрасуди, без пребројување кој зад кого оди и кој кого го предводи. Ние така ја доживуваме Христовата љубов и така и се однесуваме.

Кој е добар, а кој лош пастир, кој кого го создал, кој е и чиј е крадецот и кои и чии наемници се некои, сметам дека не треба посебно да се објаснува, бидејќи тоа и не се така непознати работи, истите и без теолошки функции и упатеност на христијанската соборност се познати, а се’ помалку ќе може да се прикриваат понатаму. Особено од оние тројца, од кои едниот самиот се препозна.

Иван Стоилковиќ,
пратеник и претседател на ДПСМ
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.