Serbian English Macedonian Russian
Jun 16

АХМЕТИ И СТОИЛКОВИЌ ЌЕ ДОГОВАРААТ ЗАГАРАНТИРАНИ КВОТИ

ivan stoilkovic 25b

 

blanck

Ахмети и Стоиљковиќ ќе договараат загарантирани квоти


Демократската партија на Србите смета дека треба да се оди со посебни малцински кандидатски листи од кои ќе се изберат пратениците од помалите етнички заедници, додека СДСМ смета дека тие треба да се изберат на заеднички листи. Турците би добиле четири, Србите и Ромите по две, а Власите и Бошњаците по едно место во Парламентот


Лидерите на ДУИ и на Демократската партија на Србите, Али Ахмети и Иван Стоиљковиќ, на заедничка маса. Денеска на средба во седиштето на интегративците во Мала Речица ќе се обидат да дојдат до решение или барем да надминат дел од разликите околу загарантираните места во Собранието за помалите етнички заедници.

Ахмети и Стоиљковиќ се на пат да излезат со предлог за тоа на каков начин би се реализирале измените во изборниот законик со што на претставниците на помалите етнички заедници, Срби, Турци, Власи, Роми и Бошњаци би им се гарантирале десет пратенички мандати.

Според предложените измени на изборната регулатива кои ги предлагаат партиите на малите етнички заедници и опозициската СДСМ, Турците треба да добијат четири места во Собранието, Србите и Ромите по две и Власите и Бошњаците по едно.

Разликата во она што го предлага партијата на Стоиљковиќ и идејата на социјалдемократите е во тоа што, ДПС смета дека треба да се оди со посебни малцински кандидатски листи од кои ќе се изберат пратениците од помалите етнички заедници, додека СДСМ смета дека тие треба да се изберат на заеднички листи.

-Со Ахмети ќе разговараме за голем број прашања кои ги тангираат помалите етнички заедници. Секако, најзначајно ќе биде она за загарантираните места во Парламентот. Може да се каже дека со ДУИ сме на иста линија за одредени работи. Нашиот став е поинаков од оној на СДСМ за тоа како би се реализирала идејата за загарантирани места. Сметаме дека треба да се испочитува принципот на национално организирање и правична застапеност, вели лидерот на ДПС Иван Стоиљковиќ.

Тој пред извесно време излезе со предлог според кој би се дозволил влез на десет пратеници од помалите заедници во Собранието, но за да не се наруши принципот на Бадинтер, на пратениците Срби, Турци, Власи, Роми и Бошњаци кои се наоѓаат на листите на партиите од македонскиот политички блок да не гласаат за закони кои се носат со двојно мнозинство. На овој начин пратениците Албанци повторно би биле доминантни за законите кои се гласаат со Бадинтер, а помалите заедници би биле соодветно застапени.

Дел од партиите беа резервирани околу овој предлог бидејќи тој повлекува и уставни измени.
Истиот предлог за загарантирани места кој сега го афирмира СДСМ, во 2007 година го достави ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш социјалдемократите го одбија. Сметаа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги обебзбеди гласовите од малите етнички заедници за парламентарните избори кои се одржаа во 2008.

(Г.Ма)

logo-vecer

 

 
blanck

SO ZADOLZHITELNITE PRATENICHKI KVOTI ZA MALCINSTVATA

SDSM celosno gi gubi glasachite!

"Izmenite na Izborniot zakonik se kraj na politikata na uceni shto ja sproveduvashe DUI vo mandatot na socijaldemokratite, dodeka za SDSM ova e golema zaguba vo izbirachkoto telo", go tolkuva profesorot Gjorgi Ivanov sprotivstavuvanjeto na opozicionite SDSM i DUI na vladiniot predlog za voveduvanje zadolzhitelni kvoti za partiite na zaednicite. "Site malcinski grupi po pravilo se izvorna baza na socijaldemokratite. Partiite koi uspeaja da se dogovorat so Nikola Gruevski bea izvor na glasovi za SDSM. Sega ima opasnost celosno da go zagubat izbirachkoto telo. Ova ne e politichki problem za opozicijata, tuku psiholoshki", izjavi Ivanov. Spored nego, ohridskiot Ramkoven dogovor e legitimna osnova za vakvite promeni: "Koga politikata ednash bila etnizirana, vekje nema nazad. DUI ne mozhe zasekogash da bide edinstven reprezent na nemnozinskite zaednici". "DUI misleshe sekogash da ucenuva. Koga se najde reshenie se najdoa zatecheni, zashto ucenata vekje nema da uspeva. I Kipar go imashe istiot problem. Poradi mozhnosta na malcinskata zaednica postojano da postavuva ultimatumi, Kipar i denes e vo raspad. Verojatno za DUI toa e najprifatlivo scenario i za Makedonija", objasnuva profesorot. (Vecher)

 


 

Crnogorcite, Hrvatite i Egipkjanite baraat svoj pratenik, Torbeshite najavija neposlushnost

Organizaciite na Crnogorcite, Hrvatite i na balkanskite Egipkjani baraat da dobijat garantirani pratenichki mesta vo Sobranieto so pretstojnite izmeni vo izbornoto zakonodavstvo. Pretstavnicite na tie etnichki zaednici smetaat deka pratenichki kvoti ne mozhe da im se dodelat samo na pripadnicite na zaednicite shto se posocheni vo Preambulata na Ustavot.
Ako ne dobijat chetiri-pet zagarantirani mesta vo kvotite za etnichkite zaednici, Torbeshite (Makedoncite so islamska veroispoved) kje organiziraat protesti i gragjanska neposlushnost - vaka glasi zakluchokot na rakovodstvoto na Partijata za evropska inicijativa od sostanokot vo Struga. Od PEI smetaat deka etnichkata grupa Torbeshi ja sochinuvaat od 120 do 150 iljadi zhiteli, od koi povekjeto pred 2001 godina se popishuvale kako Makedonci-muslimani. (Spored Dnevnik)


VLASTA SAKA DA SE ZACVRSTI VO PARLAMENTOT

Gruevski dava i minister za malcinstvata

Premierot Nikola Gruevski saka da gi vnese vo vladinata koalicija trojcata pratenici od turskata i srpskata zaednica vo parlamentot.
Gruevski im rekol deka za niv vratata na Vladata e sekogash otvorena. Ako ja prifatat ponudata, pratenicite od Turskata demokratska partija i od Demokratskata partija na Srbite kje dobijat edno ministersko mesto vo vladata. Gruevski ponudil partijata TDP na Kjenan Hasipi da go predlozhi ministerot, a Ivan Stoilkovikj negoviot zamenik. Ako trojcata pratenici se reshat na takva opcija, nivni kadri kje rakovodat so edno ministerstvo shto sega go kontrolira VMRO-DPMNE. Vakva ponuda premierot im stavil na masa na Hasipi i na Stoilkovikj otkako postignale dogovor za izmenite na Izborniot zakonik, so koi malcinstvata na narednite opshti izbori dobivaat zagarantirana kvota od deset mandati vo Sobranieto.
Ministerskoto mesto za malcinstvata, velat vladini izvori, mozhe da bide i kako kompenzacija ako opozicijata uspee da gi blokira izmenite na Izborniot zakonik. Vlasta i malcinstvata krojat zaednichka strategija za toa kako da ja probijat blokadata na opozicijata, no ako sepak ne uspeat vo toa, Izborniot zakonik kje se ostavi za podocna, koga kje se sozdadat uslovi za toa. Idejata za vleguvanje vo vladata Hasipi i Stoilkovikj ja primile razlichno, velat ovie izvori. Dodeka Hasipi e rezerviran, Stoilkovikj e zagrean vednash da ja prifati ponudata na premierot. (Vest)

Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.