Serbian English Macedonian Russian
Oct 16

СРБИТЕ И ТУРЦИТЕ БАРААТ РЕАЛЕН ПОПИС

popis-stanovnitva

blanck

novamakedonija logo

Меѓу двата пописа од Македонија „исчезнаа“ 17.000 Срби за да се оправда некоја друга бројка, вели Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите

Околу 17.000 Срби „исчезнаа“ од Македонија во периодот меѓу пописите во 1994 година и во 2002 година, вели Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ). Тој се сомнева во веродостојноста на пописните резултати за етничките заедници и затоа бара пописот што ќе се спроведе идната година да ги покаже реалните бројки на заедниците.
 


- Во 1994 година во Македонија имаше околу 45.000 Срби. На пописот во 2002 година, оваа бројка беше намалена на околу 36.000 Срби. Во меѓувреме, МВР им издало државјанства на околу 17.000 припадници на српската заедница. Немаше иселување што драстично ќе ги смени бројките, а „снема“ третина од Србите во државата - вели Стоилковиќ.

Партијата на Србите бара да има нејзин член во Државната пописна комисија, кој непосредно би следел како ќе се попишуваат припадниците на заедницата на Србите. Исто така, бара попишувачите што не се од администрацијата да бидат од местата каде што се спроведува пописот, а не на пример некој од Битола да попишува во Куманово. Доколку нивните забелешки не бидат усвоени, ДПСМ ќе поднесе амандмани на предлог-законот за попис што веќе е во Собранието.

Реагираат и припадниците на турската заедница. Од партијата на Турците предупредија дека од попис до попис, под чудни околности се намалува и нивниот број. Според резултатите од 2002 година, како припадници на турската заедница се изјасниле 3,85 отсто од населението во државата.

- На Македонија и се потребни чисти пописни резултати, без манипулација со помалите етнички заедници за да се оправда некоја друга бројка - вели Стоилковиќ.

Пописните резултати се важни за заедниците затоа што врз основа на тие податоци можат да бараат права како вработување во администрацијата, употреба на нивниот јазик на локално ниво или примена на Бадентеровиот принцип на одлучување.

Важноста на пописот за Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и другите заедници се става во втор план пред очекувањата од пописните резултати за Албанците. Нивниот број во 1994 година беше 22,7 отсто, а во 2002 година се зголеми на 25, 17 отсто. Опозициските партии на Албанците го оспоруваат начинот на кој државата планира да го спроведе пописот. Тие бараат пописот да се спроведе во јули, наместо во предвидениот термин април 2011 година, со образложение дека тогаш се враќаат иселениците. ДУИ, пак, бара повеќе Албанци во Заводот за статистика.

16.10.2010

Автор: С.С.З.

 

blanck

SO ZADOLZHITELNITE PRATENICHKI KVOTI ZA MALCINSTVATA

SDSM celosno gi gubi glasachite!

"Izmenite na Izborniot zakonik se kraj na politikata na uceni shto ja sproveduvashe DUI vo mandatot na socijaldemokratite, dodeka za SDSM ova e golema zaguba vo izbirachkoto telo", go tolkuva profesorot Gjorgi Ivanov sprotivstavuvanjeto na opozicionite SDSM i DUI na vladiniot predlog za voveduvanje zadolzhitelni kvoti za partiite na zaednicite. "Site malcinski grupi po pravilo se izvorna baza na socijaldemokratite. Partiite koi uspeaja da se dogovorat so Nikola Gruevski bea izvor na glasovi za SDSM. Sega ima opasnost celosno da go zagubat izbirachkoto telo. Ova ne e politichki problem za opozicijata, tuku psiholoshki", izjavi Ivanov. Spored nego, ohridskiot Ramkoven dogovor e legitimna osnova za vakvite promeni: "Koga politikata ednash bila etnizirana, vekje nema nazad. DUI ne mozhe zasekogash da bide edinstven reprezent na nemnozinskite zaednici". "DUI misleshe sekogash da ucenuva. Koga se najde reshenie se najdoa zatecheni, zashto ucenata vekje nema da uspeva. I Kipar go imashe istiot problem. Poradi mozhnosta na malcinskata zaednica postojano da postavuva ultimatumi, Kipar i denes e vo raspad. Verojatno za DUI toa e najprifatlivo scenario i za Makedonija", objasnuva profesorot. (Vecher)

 


 

Crnogorcite, Hrvatite i Egipkjanite baraat svoj pratenik, Torbeshite najavija neposlushnost

Organizaciite na Crnogorcite, Hrvatite i na balkanskite Egipkjani baraat da dobijat garantirani pratenichki mesta vo Sobranieto so pretstojnite izmeni vo izbornoto zakonodavstvo. Pretstavnicite na tie etnichki zaednici smetaat deka pratenichki kvoti ne mozhe da im se dodelat samo na pripadnicite na zaednicite shto se posocheni vo Preambulata na Ustavot.
Ako ne dobijat chetiri-pet zagarantirani mesta vo kvotite za etnichkite zaednici, Torbeshite (Makedoncite so islamska veroispoved) kje organiziraat protesti i gragjanska neposlushnost - vaka glasi zakluchokot na rakovodstvoto na Partijata za evropska inicijativa od sostanokot vo Struga. Od PEI smetaat deka etnichkata grupa Torbeshi ja sochinuvaat od 120 do 150 iljadi zhiteli, od koi povekjeto pred 2001 godina se popishuvale kako Makedonci-muslimani. (Spored Dnevnik)


VLASTA SAKA DA SE ZACVRSTI VO PARLAMENTOT

Gruevski dava i minister za malcinstvata

Premierot Nikola Gruevski saka da gi vnese vo vladinata koalicija trojcata pratenici od turskata i srpskata zaednica vo parlamentot.
Gruevski im rekol deka za niv vratata na Vladata e sekogash otvorena. Ako ja prifatat ponudata, pratenicite od Turskata demokratska partija i od Demokratskata partija na Srbite kje dobijat edno ministersko mesto vo vladata. Gruevski ponudil partijata TDP na Kjenan Hasipi da go predlozhi ministerot, a Ivan Stoilkovikj negoviot zamenik. Ako trojcata pratenici se reshat na takva opcija, nivni kadri kje rakovodat so edno ministerstvo shto sega go kontrolira VMRO-DPMNE. Vakva ponuda premierot im stavil na masa na Hasipi i na Stoilkovikj otkako postignale dogovor za izmenite na Izborniot zakonik, so koi malcinstvata na narednite opshti izbori dobivaat zagarantirana kvota od deset mandati vo Sobranieto.
Ministerskoto mesto za malcinstvata, velat vladini izvori, mozhe da bide i kako kompenzacija ako opozicijata uspee da gi blokira izmenite na Izborniot zakonik. Vlasta i malcinstvata krojat zaednichka strategija za toa kako da ja probijat blokadata na opozicijata, no ako sepak ne uspeat vo toa, Izborniot zakonik kje se ostavi za podocna, koga kje se sozdadat uslovi za toa. Idejata za vleguvanje vo vladata Hasipi i Stoilkovikj ja primile razlichno, velat ovie izvori. Dodeka Hasipi e rezerviran, Stoilkovikj e zagrean vednash da ja prifati ponudata na premierot. (Vest)

Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.