Serbian English Macedonian Russian
Oct 28

ПУТИН ВО РАЦЕТЕ НА СТОИЛКОВИЌ

 dpk5

blanck

logo kanal 5

 

Книга на чија насловна страна е рускиот премиер Владимир Путин како се ракува со Небојша Радмановиќ беше подарок од босанскиот политичар кој го воодушеви лидерот на македонските Срби, Иван Стоилковиќ. Стоилковиќ цело време додека даваше изјава ја држеше книгата во рака.
 
Стоилковиќ во просториите на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) се сретна со Небојша Радмановиќ српскиот претставник во колективното претседателство на БИХ. Радмановиќ повторно е избран за член во претседателството на БИХ на последните избори. Тој е во тридневна приватна посета на Македонија.

 


dpsm



Денеска се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов каде разговарале за европските интеграции на Македонија и БИХ и за меѓусебната соработка.
 
- Разговаравме и за безбедноста, тоа е вообичаена тема кога политичарите од регионот се среќаваат. Но детали од средбата на таа тема не би Ви откривал, изјави Небојша Радмановиќ по средбата во седиштето на ДПСМ.  
 
Со партијата на Србите, Радмановиќ договорил партиска соработка како висок функционер во партијата на Независни социјалдемократи во Република Српска. Освен тоа на Стоилковиќ му ветил и помош и соработка во областа на образованието и културата.

 

 

28.10. 2010.


blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.