Serbian English Macedonian Russian
Dec 09

ШЕКЕРИНСКА ПОВИКА ДА СИ ОДАТ СРБИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

sekerinska11


blanck

 

logo vecer


СДСМ и медиумите блиски до нив повеќепати досега изразувале јавна нетрпеливост кон Србите во Македонија. Последно е повикот на Шекеринска во македонското Сообрание, Иван Стоиљковиќ, шефот на српската партија во Македонија, да се врати на Косово, што е досега најголем инцидент на етничка нетрпеливост виден во македонската јавност и во македонскиот Парламент. За ова партијата и Шекеринска мора да одговараат, а особено затоа што често им се случува потценување и на ромските претставници во Парламентот, што покажува нивна етничка нетрпеливост подолг период


Пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија најави дека ќе испрати протесно писмо до амбасадорите на сите западноевропски држави со кое ќе побара од нив заштита од политиката на претставниците од СДСМ и побара извинување од партискиот врв. Причина за ваквиот потег на пратеникот Стоиљковиќ е нацизоидниот повик од страна на пратеничката на СДСМ, Радмила Шекеринска, по неговото обраќање во Сообранието, тој а со тоа и Србите да си заминат од Македонија и да одат во нивната родна земја или на Косово.


Пратеничката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во сообраниската дебата за проектот Скопје 2014 предходно беше испровоцирана со излагањето на Стоиљковиќ и изнесувањето на неговиот личнен став за проектот Скопје 2014, во кој пратеникот во неколку наврати Камениот мост во Скопје го нарече Душанов мост.

- На Стоилковиќ му стана навика да лаже. Единствениот кој треба да застане на оваа говорница и да им се извини на сите граѓани на Македонија и на Скопје, без разлика на нивната етничка припадност, е тој, бидејќи ги омаловажува и преименува нашите вековни симболи, рече Шекеринска и му порача тој да си замине од државава и да оди на Косово.

Меѓусебни навреди, пцости, ниски удари и изрази на некултура продолжија и меѓу другите пратеници. Опозицијата ја праша власта колку пари испрала преку Триумфалната порта на срамот, спомениците, мостот Око и сл. На овие обвинувања пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски одговори дека проектот Скопје 2014 чини онолку колку што СДСМ украл пари со аферата ТАТ. Во низата реплики и контрареплики што уследија владејачките пратеници го бранеа проектот Скопје 2014 со ставот дека тој е проширен во сите области, наведувајќи податоци за останатите активности што се преземаат, додека опозицијата оцени дека се потрошени многу пари, но без ефект. Што ќе ветело ВМРО-ДПМНЕ, остварувало, а СДСМ останувал на празни ветувања. Вака министерката Елизабета Канчевска - Милевска, рече за Скопје 2014.

- Со она што го затекнавме во 2006 година како постојано непроменета слика речиси сто години ние како народ и држава испраќавме порака дека и семантички и семиолошки сме привремени, никогаш недооформени, без историја, традиција и култура и со самото тоа без визија за натамошен раст. Со проектот не само на Скопје 2014, туку и на Македонија 2014, оваа власт објави крај на непочитта кон сопствениот народ, култура и идентитет. Во најтешкиот економски период покажавме дека ако ја сакаме својата земја, можеме да ја покажеме грижата и љубовта кон неа, рече Канческа - Милевска, прашувајќи зошто ниту една власт досега не се зафатила со дооформување на плоштадот и централното градско подрачје.
 
                                                                

09. 12. 2010.


blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.