Serbian English Macedonian Russian
Dec 15

МАКЕДОНСКА ШТАМПА - РЕАКЦИЈЕ СРБА ИЗ МАКЕДОНИЈЕ НА ШОВИНИСТРИЧКУ ИЗЈАВУ РАДМИЛЕ ШЕЋЕРИНСКЕ

logo dnevnik i kumanovo news


blanck

logo dnevnik

   

Постојат сосема обични работи, кои ако невкусно ги интерпретираме, стануваат големи, на една страна предизвикуваат омраза, а на друга срам, ако поседувате такво чувство во вашиот ментален склоп и статус на изградена личност. Србите кои живеат во Р.Македонија ја прифатиле својата улога на темелен, градивен материјал и станале сегмент од етномозаикот на државата, чии се легитимни државјани. Кој било облик на искажана нетрпеливост нанесува голема штета и недоверба. Во настојувањето стрпливо да се изгради толеранцијата, како аксиома во европеизацијата, но и глобален модел на демократијата, сите го даваме својот придонес. Г- ѓо Шекеринска, мене воопшто не ми пречи мостот во Скопје кој е еден од најпрепознатливите симболи во нашата престолнина. Кога Вие бевте на власт, г. д-р Коста Балабанов во медиумите изнесе факти со кои ја поткрепува историјата на Камениот мост. Балабанов поседува бакропис од 14 век на кој е прикажан Душановиот мост во „српскиот“ град Скопје. За тогашната интелегенција тоа беше неприфатливо, не поради мостот, туку за „српскиот“ град Скопје. 

Како прво, Душановиот мост бил дрвен и не бил на местото на сегашниот. Скопје со предзнак „српски“ не е дел од никаква големосрпска пропаганда, ниту историска невистина. 1331 год. цар Стефан Душан се крунисува за цар во Скопје. Германски патописец го прикажува мостот и го користи терминот „срписки“ зашто во тој период Скопје се наоѓа на територијата на тогашна Србија. Дали би било невистина, ако постоеше бакропис од Самуилово време, на кој е прикажан Белград и сигурно би стоела придавката „македонски“. Сегашниот мост е камен мост изграден во 17 век, кога низ Турската Империја се градат слични објекти. Не би ви забележал толку што не ја познавате сопствената историја, но Вашиот став дека г. Иван Стоиљковиќ треба да се врати од каде што дошол е навреда за целиот српски корпус во Р.Македонија.

 

Г-ѓо Шекеринска, во моето семејство постои родослов од 1620 година и точно знам кој сум и каква е мојата генетска генеза. Во моите вени тече крв на Ерменци, Срби, Руси и Евреи. Тоа е јас што знам, но можеби има и уште придавки кои не ги знам. Мојот син кон ова го надгради македонското, со што јас само се гордеам. Не сум слушнал, ниту сум прочитал некој на цар Самуил да му рече да се врати од каде што дошол, или, пак, на цар Борис, бугарски цар со австриско потекло, да се врати во Австрија. Ние што знаеме од каде сме и што сме, не им забележуваме на тие што не знаат и ја користат нацијата како одбранбен штит во недостиг од факти. Повикувате странски инвеститори да вложуваат во Р.Македонија, дали и ним еден ден ќе им речете да се вратат од каде што дошле. Ние Србите во Р. Македонија не сме виновни што цар Стефан Душан го избрал Скопје за град во кој се крунисал. Кај нас постои поговорка: „Од тоа што се срами паметниот, будалиот со тоа се гордее“ . Сметаме дека историјата ги дава фактите и таа не може да биде материјал за дневнополитичките цели. Скопјани треба да се гордеат со фактот дека Скопје е царски град, тоа е престиж. Не знам за податок дека Скендер-бег јавал на коњ низ Скопје, а во Скопје гордо е искачен на пиедестал. Не ми пречи, бидејќи Скендер-бег е голема историска личност за Албанците, со кои ги градиме нашата иднина и соживот. Можеби еден ден, младите генерации, кои не се оптоварени со шовинизам, комплекси и фрустрации, како што на Мајка Тереза ~ оддадоа почит, ќе го обележат и местото на палатата на цар Стефан Душан. Можеби ќе му изградат споменик, што впрочем е нешто сосема нормално, затоа што во негово време Европа сакала да го промовира за војсководец на Третата крстоносна војна. 

Г-ѓо Шекеринска, од минатото не смееме да се плашиме, HISTORIA MAGISTRA VITAE EST. Минатото не смее да генерира омраза, од минатото мора да учиме за сторените грешки за да не ги повторуваме. Германците, Французите и Англичаните тоа најдобро го знаат. Минатото не им пречи за да ја здружат сета своја енергија и да ја изградат ЕУ. Обединета Европа за идните генерации без војни и омраза. Европа на толеранција и заедништво која ќе овозможи мир, спокој и егзистенција. 

Српскиот корпус во Македонија го очекува Вашето јавно извинување, во спротивно ќе Ве обвиниме за ширење национална нетрпеливост и за српскиот корпус ќе бидете прогласена за персона нон грата.


Звонимир Будимировиќ,
потпретседател на Српската заедница


kumanovonews-logo


СРПСКА НАПРЕДНА СТРАНКА: ГОСПОДИНЕ СТОИЛКОВИЌ, ШТО Е ДОСТА, ДОСТА Е!

 

Српската напредна странка реагира на настапот на пратеникот  Иван Стоиљковиќ од ДПСМ на една од националните телевизии.

По повод настапот на господинот Иван Стоилковиќ на нарачаното интервју на Сител телевизија со Латас, а во врска со вербалниот инцидент во Собранието на РМ, меѓу него и Радмила Шекеринска актуеленен пратеник на СДСМ. Српска Напредна Странка осудува секакви закани за селење на било кого, а особено доколку тоа е закана кон српскиот корпус, бидејќи политиката на етнички селења е анахрона и на никого не му носи добро. Во вчерашното интервју господинот Стоилковиќ ликуваше пред македонската јавност како после добро завршена валкана работа, и несвесен дека е само инструмент на туѓа политика „divide et impera“. Со овој настап господинот Стоилковиќ не само што беше безобразен, невоспитан, крајно дрзок, вулгарен и навредлив кон Србите во РМ, туку покажа една ниска политичка култура, да не речеме некултура, што е олицетворение на таков ментален склоп. Господине Стоилковиќ, поради сево ова, поради твоите резултати под наводници, поради одбраната на српска куќа како законодавна власт, поради исполнето ветување за напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, поради признавање на Косово и Метохија, поради тоа што ние „немаме врска со мозокот“ ДОСТА Е! Те молиме немој веќе да не представуваш оти сме возрасни и мошне јасно ги разликуваме Бранковиќи и ситно шиќарџиска божемна политика. Во клучните моменти за Србите на Балканот, Вие господине Стоилковиќ ништо, ама баш ништо не сторивте, уште полошо со своите постапки и со своите настапи покажувате дека сме добри политички вазали, без разлика во кој политички табор се наоѓате бидејќи свој и немате. Иако долго се јавувате на политичката сцена, оти секогаш се потребни сервилни личности кои ќе ги вршат валканите работи за т.н. големи политички субјекти и туѓи политики. Заради сето ова, доста е. Доста не представувате и доста не срамевте, бидејќи не можете, не сакате, не смеете или не умеете да ги артикулирате политичките интереси на Србите, и ова што го работите сега и сето она што ни го сработевте досега е злосторство кон Србите, зошто кога-тогаш ќе ги поднесете сметките, оти злосторствата никогаш не застаруваат.     За ваша несреќа, за среќа на Србите во РМ, не има уште много повеќе кои имаме врска со мозокот, кои умееме и смееме да ги артикулираме политичките интереси и кои не тргуваме со националните чувства.    Сепак Ви благодариме што си го одкривте своето право лице, својот политички профил, за да тргнеме кон конечното обединување и градење на самостојна автохтона политика која ќе е во интерес на сите граѓани, секако и на Србите, со која никој нема да не сели оти на нас од селби и делби ни е преку глава, на крај и ве разбираме. Човек кој секогаш бил во туѓ табор а никогаш не излегол на избори, па не е представник ни на партиската значка која ја носи, затоа и за сето предходно, доста е. Погледнете си во патоказот кон историјата, доста е!- се вели во соопштенето од Кабинет за информирање  на СНС.



kumanovonews-logo


По отвореното писмо на Напредната партија на Србите во Македоија упатено до пратеникот Иван Стоилковиќ, стигна реакција од општинскиот одбот на Демократската партија на Србите во Македонија.

Господо од Партијата за православно единство на Србите и Македонците, т.е. Радикалната партија на Србите во Македонија, т.е. Напредна партија на Србите во Македонија, и ако е од Вас кои во рок од неколку години сменивте неколку партии, навистина е доста!

Ние знаеме дека на Вас кои нациналноста ја воведовте како нова професија, односно станавте „Срби по занимању„ ви е многу тешко, затоа што тоа кај Србите веќе не поминува. Сепак искористивте 15 години да се занимавате со српството во Македонија и видете што направивте. За среќа во почетокот на овој милениум се појави нова генерација на млади, амбициозни и образовани Срби, докажани во своите професии кои решија политички да се активираат и да ги решаваат натрупаните проблеми на Србите во Македонија. Нормално во таквата политика нема место за Вас, кои сте „Срби по занимању„ и затоа бевте избркани од Демократската партија на Србите во Македонија.

Тука никако не сакаме во ист кош да ги ставам оние чесни Срби кои имаа политичка доблест по осамостојувањето на Македонија да ги организираат Србите, кои секако не се со Вас. По Вашето бркање од ДПСМ, партијата стана модерна, добро организирана партија на која главна цел е заштита на правата на српскиот народ кој живее во Македонија. Од тогаш Србите влегоа во Уставот на Република Македонија, ДПСМ континуирано е парламентарна партија, донесен е Закон за заштита на малцинства во РМ, изгласан е нов закон за празници во кој Св.Сава стана национален празник на Србите во Македонија, формирана е Агенција за малцински права на помалите заедници во Македонија. Србите преку својата партија добија можност да раководат со многу важни институции, претпријатија и органи во државата. Значи станавме етаблиран политички субјект без кој неможе да се замисли политичкото миље во Македонија.

Сето тоа го постигнавме под раководство на сегашниот Претседател господинор Иван Стоилковиќ. Нормално тоа на некого му смета! На големите политички субјекти во Македонија им треба маргинализирана, неамбициозна, необразована политичка партија на Србите во Македонија, која ќе ја моделираат како сакаат, односно им требате Вие господо „Срби по занимању“. Затоа без никаков срам, наместо најостро да ја осудите фашизоидната реакција на бившата претседателка на вашиот политички газда или ментор, која да ве потсетам не селеше во Србија и на Косово само затоа што јасно им кажавме дека не можат да ги прекрстуваат српските обележја во Македонија. Вие веднаш удривте најбезобразно и најниско против Србинот кој имаше храброст на вашите фрустрирани ментори во Парламентот да им казе дека недозволуваме да не прекрстуваат и омаловажуваат. Ај, ај, ај јадни ли сте Вие „Срби по занимању“.

Едно навистина грешите. Вашите ментори со фашизоидната изјава ги повредија сите што се чувствуваат Срби, не само Иван Стоилковиќ. Изгледа не Ве повредија само Вас. Зарем Вашето српство вреди два – три управни одбори и неколку вработувања. Ние знаеме дека сте формирани да го намалите политичкото влијание на ДПСМ, затоа плуквате по нас за време на локалните избори, плукате секогаш кога го дигаме гласот за добробит на Србите во Македонија. Едно е сигурно, Вие сте обични политички маргиналци кои имаат минимална подршка кај Србите и додека Ве водат политички полтрони и марионети ќе останете на тоа ниво. Оваа Ви е прв и последен пат да реагираме на вашите памфлети затоа што нашата реакција со ништо не ја заслужувате- се вели во соопштението на Општински одбор на ДПСМ Куманово.


15. 12. 2010

 

 

blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.