Serbian English Macedonian Russian
Dec 24

РАДА ПОГОЛЕМА СРБИНКА ОД СРБИТЕ?!

rada


blanck

 

logo vecer


Пратеничката на СДСМ и претседател на Советот за евроинтеграции вели дека дел од нејзиното семејство потекнува од Србија и дека никогаш не би кажала нешто навредливо за припадниците на српската заедница во Македонија


Мајка ми е родена во Белград, баба ми е пола Србинка, мојот сопруг е половина Србин. Никогаш на Иван Стоиљковиќ не би му кажала такво нешто за што тој ме обвини. Му реков само дека на тој начин може да дискутира дома, а не во Собрание, рече вчера во разговор со новинарите Радмила Шекеринска од СДСМ, а во пресрет на денешната седница на Собраниската комисија за избори и именувања на која ќе се расправа за предлогот за нејзино разрешување од местото претседател на Советот за евроинтеграции.

Лидерот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ, побара нејзина смена бидејќи како што тврди на собраниската седница на која се дебатираше за проектот "Скопје 2014" се однесувала недолично и искажала навредливи зборови за припадниците на српската заедница во Македонија.

Причина за реакцијата на Шекеринска беше излагањето на Стоиљковиќ во кое тој Камениот мост го нарече Душанов мост.
-Шекеринска ми рече да си одам на Косово и дека тука не ми е местото. Човек кој покажува национална нетрпеливост кон претставниците на српскиот народ во Република Македонија, а имаме докази дека исто така претходно покажувала нетрпеливост и кон припадниците на турската и бошњачката заедница, не заслужува да води такво одговорно работно тело на Собранието, рече Стоиљковиќ.

Тој побара извинување од раководството на СДСМ, а упати писмо и до амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Македонија.

Шекеринска тврди дека не му се обратила на лидерот на ДПС со тие зборови. Таа е убедена дека во барањето за нејзино разрешување се кријат други мотиви.
-Советот за евроинтеграции добива позитивни оценки за својата работа во извештаите на Европската комисија. Очигледно тоа некому му пречи. Во Македонија постојат луѓе на кои им пречи Македонија да добива позитивни оценки. Никаде и никогаш не сум ги кажала тие зборови. Се работи за безобразна лага, вели Шекеринска.

(Г.Ма) 
blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.