Serbian English Macedonian Russian
Sep 22

ПАРТИИТЕ ВО КАМПАЊА ЗА НОВА ЕТНИЧКА СЛИКА

popis1


blanck

 


novamakedonija logo

 

Најдалеку и најотворено со кампања за едукација на сопствените членови има отидено Демократската партија на Србите. Нејзиниот претседател Иван Стоиљковиќ речиси еден месец наназад на својот фејсбук-профил поставува информации и инструкции за тоа како треба да бидат попишани Србите. Изработен е и специјален видеоспот, кој се врти на Интернет. Главната порака што се испраќа е дека мора да се учествува во пописот.

 


Десет дена пред пописот

 

Десет дена пред да почне пописот на населението, партиите како на ниту еден попис досега влегоа во теренски кампањи со лекции за нивното членство за оваа статистичка операција. 

Како Албанците на претстојниот попис да ги попишат оние членови на семејството што во моментот се на работа во странство, кои документи да ги обезбедат нивните роднини од Косово што подолго престојуваат во Македонија за да бидат попишани? На која религиска заедница и припаѓаат Србите - на Македонската или на Српската православна црква? Дали Турците треба да се впишат како Албанци за полесно да остварат некое право, предвидено со рамковниот договор? Дали Египќаните се Роми, а Македонците-муслимани - Торбеши?

Ова се само некои од инструкциите што партиите, главно, со етнички предзнак деновиве ги испраќаат до своите членови.

Партиите главно, се концентрираат на три пописни прашања: етничка припадност, мајчин јазик и религиска припадност, при што, како што тврдат партиите, се даваат само насоки без да се инсистира на готови одговори. Вториот вид помош што ја нудат партиите преку своите ограноци се укажувањата на населението кои податоци треба да ги пријави и какви документи ќе им бидат потребни, но и сугестиите да ги прифатат попишувачите во нивниот дом, бидејќи секој што нема да се попише ќе треба да плати глоба од 500 до 1.500 евра.

Партиската интервенција на претходните пописи беше клучна за конечниот изглед на демографската и етничката слика на Македонија во изминативе 20 децении. Бројките се менуваа зависно од тоа дали одредена етничка партија ќе повикаше на бојкот или, пак, ќе даваше инструкции, на пример, целото муслиманско население да биде подведено под една етничка заедница (пример албанската), иако тоа не е така.

Нов обид за повеќе права

Причината поради која партиите се растрчаа на терен пред годинешнава статистичка операција, за која и самите претходно тврдеа дека не треба да има политички предзнак, е сознанието дека од етничкото изјаснување ќе зависи какви привилегии ќе стекне одредена етничка заедница во македонското општество. Од бројот на Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи ќе зависи колку припадници на овие групи ќе бидат вработени во јавната администрација, колку буџетски пари ќе се обезбедат за промоција на нивната култура и јазик, дали ќе се воведе втор службен јазик, различен од македонскиот...

- Пописот е клучен бидејќи од неговите резултати ќе зависат правата што ќе ги остварат заедниците, соодветно на пропорционалната застапеност. Затоа инсистиравме сé да биде усогласено со сите партии и со Законот за попис и попишувачките тимови - вели Абдилаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ.
Тој проценува дека е потребно партијата да излезе на терен пред пописот, бидејќи Албанците немаат доверба во Државниот завод за статистика поради малиот број вработени Албанци во оваа институција.
- Како партија на терен работиме со нашите ограноци, бидејќи не сакаме да се промени актуелниот процент на Албанци во државата поради тоа што нема да се попише целото население, секако без да навлегуваме во уставно загарантираното право на изјаснување на националната припадност, јазикот и верувањето. Најчесто им кажуваме кога ќе се одржи пописот, кои документи се потребни, кој сé ќе биде попишан. Никого сосила не тераме да се изјасни на некаков начин - ги објаснува Адеми инструкциите на ДУИ.

Втората поголема албанска партија, ДПА на Мендух Тачи, која е во опозиција, сé уште стои на ставот дека пописот треба по втор пат да се одложи, бидејќи теренот не е подготвен. Сепак, бидејќи нивниот предлог не наиде на поддршка од другите партии во парламентот, донесена е одлука пописот да не биде бојкотиран, како што албанските партии правеа на претходните пописи на населението. Од ДПА тврдат дека немаат никакви партиски инструкции за своите членови во врска со пописот.

- Тоа што важи за сите граѓани, важи и за нашите членови. Веројатно институциите што го подготвуваат пописот ќе им дадат некакви насоки на граѓаните како правилно да се попишат - велат од ДПА.

НАЈВНИМАТЕЛНИ МАЛИТЕ

Најдалеку и најотворено со кампања за едукација на сопствените членови има отидено Демократската партија на Србите. Нејзиниот претседател Иван Стоиљковиќ речиси еден месец наназад на својот фејсбук-профил поставува информации и инструкции за тоа како треба да бидат попишани Србите. Изработен е и специјален видеоспот, кој се врти на Интернет. Главната порака што се испраќа е дека мора да се учествува во пописот.

„Припадноста на нацијата и на верата е дар божји, затоа нашата одговорност е да ги чуваме даровите од Бога: нацијата, верата и српскиот јазик за нашите поколенија. Да го послушаме памтењето, да ја следиме нашата иднина и да го кажеме она што секогаш било и ќе биде: ние сме Срби, нашиот јазик е српски и само така ќе се изјасниме на пописот“.

- Се работи за позитивна кампања, која не задира во слободното изјаснување на граѓаните, но заинтересирани сме што поголем број Срби да се попишат, бидејќи од бројките ќе зависи какви права ќе имаме. Немаме совети во однос на религијата, главно таа е православна, без да навлегуваме дали е МПЦ или СПЦ - објаснува Стоиљковиќ. 

Самка Ибраимовски, пак, од Партијата за целосна еманципација на Ромите, најавува активност со цел да се бојкотира пописот од страна на Ромите, бидејќи пописот нема да даде реални податоци за оваа етничка заедница. Голем број нејзини припадници во овој период биле на работа во странство, вели Ибраимовски.

- Од наредната недела ќе ги посетиме речиси сите градови и ќе имаме средби со нашите ограноци за тоа дали е потребно да го бојкотираме пописот. Ако се донесе таква одлука, тогаш ќе повикаме Ромите да не се попишуваат, ако не тогаш нашиот совет ќе биде да се попишат исклучиво како Роми, а не како Албанци или, пак, Турци. Ќе имаме и посебен состанок во Охрид за тоа како треба да се изјаснат Египќаните што се појавија на минатиот попис во 2002 година - вели Ибраимовски.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека немаат никакви партиски активности, ниту некакви консултации со членството за претстојната статистичка операција. Сепак, општински комитети од оваа партија признаваат дека прават некакви првични контакти со локалното население со совети што значи пописот и како ќе се одвива.

Етничка структура според пописот од 2002 г.

вкупно жители     2.022.547

Македонци         1.297.981
Албанци                509.083
Турци                      77.959
Роми                       53.879
Власи                        9.695
Срби                        35.939
други                        20.993

blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.