Serbian English Macedonian Russian
May 11

СВЕТИ САВА ЗА СРБИТЕ Е КАКО СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ

 

dragan nedeljkovic

blanck

РАЗГОВОР: ДРАГАН НЕДЕЉКОВИЌ, ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА НА МАКЕДОНИЈА

Името на Свети Сава било Растко Немањиќ, а тој бил царски син. Неговиот татко му понудил да биде крал или кнез на Србија, но тој одбил, и со група руски калуѓери заминал на Света Гора, во манастирот Хиландар, се замонашил, и го добил црковно име Сава

Денеска е државниот празник на Србите, Свети Сава.

По тој повод разговаравме со    заменик-министерот за култура на Македонија, Драган Недељковиќ, кој е и претседател на организацискиот одбор на Свечена светосавска академија, со која Србите во Македонија го одбележуваат нивниот најголем празник.

Кој бил Свети Сава и зошто се празнува тој празник?

- Свети Сава бил првиот српски архиепископ, човекот кој ја осамостоил Српската православна црква, прв поглавар на таа Црква, а во исто време бил прв српски учител којшто основал манастири и школи во средновековна Србија. Инаку, негово име било Растко Немањиќ, а тој бил царски син. Неговиот татко му понудил да биде крал или кнез на Србија, но тој одбил, и со група руски калуѓери заминал на Света Гора во манастирот Хиландар, се замонашил, и го добил црковно име Сава.

- Починал во Велико Трново во Бугарија. Прогласен е за светец, а моштите се донесени во Белград каде турски паша ги запалил, со цел да го запали и духот на православниот српски народ. На тоа место сега е подигната најголемата православна црква - Свети Сава.

Што значи Свети Сава за српскиот народ?


- Свети Сава за српскиот народ значи нешто навистина големо. Значи, не се вика само Свети Сава, туку Свети Сава Српски. Најголем српски просветител, најголем српски светец и државник. 
Свети Сава претставува голем духовен потенцијал за целиот српски народ. Ако го споредуваме, тоа е како Свети Климент Охридски за македонскиот народ.


Како Србите во Македонија го прославуваат овој голем празник?
- Од пред две години е изгласан во Парламентот како државен празник на Србите во Македонија, но првпат оваа година се празнува организирано под покровителство на Владата на Македонија, и се празнува низ територијата на целата држава. Свети Сава не е само на национален празник, туку во исто време е и школски празник. Во црквите низ Македонија, Србите ќе запалат свеќи, ќе сечат светосавски колач...

Кажете ни нешто повеќе околу културно-уметничките настани кои се организираат по повод овој празник во Македонија?

- Цела седмица е таканаречена Светосавска недела, па манифестацијата ќе трае до 29 јануари. Вчера во Мала станица беше закажана поетска вечер со поети од Србија и македонски писатели од српско етничко потекло. Во Куманово, на пример, се случува регионална школска прослава. Вечерва во МОБ ќе се одржи Светосавска академија, каде ќе присуствуваат еминентни претставници од српската Влада, Собрание, специјален претставник на претседателот на Србија, од македонска страна гостин ќе биде претседателот на македонското собрание, министри, заменици министри...

27.01.2009

logo-vecer

Фото: Д. АНДОНОВСКИ


blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.