Serbian English Macedonian Russian
Jun 10

МАКЕДОНСКА ШТАМПА О ИНИЦИЈАТИВИ ПРЕДСЕДНИКА ДПСМ, ИВАНА СТОИЛКОВИЋА

stojilkoviq_sobr-1


blanck

novamakedonija logo

 

10.06.2010.

 

АХМЕТИ И СТОИЛКОВИЌ ЌЕ ГИ СКРОЈАТ КВОТИТЕ

 

 ahmeti6


Србите и Албанците ќе ги кројат загарантираните квоти за помалите етнички заедници откако минатата недела поради ДУИ и стравот дека се нарушува Бадентеровиот принцип пропадна обидот на СДСМ да се воведат десет нови пратенички места за Турците, Србите, Бошњаците, Власите и за Ромите. Иван Стоилковиќ и Али Ахмети  на заедничка средба со претставници на другите етнички заедници во Мала Речица се договориле прашањето целосно да биде затворено до септември.

Стоилковиќ од името на помалите етнички заедници и Ахмети од страната на Албанците договориле начелна согласност за измени во изборниот законик за воведување квоти, а при тоа да не бидат загрозени ниту Бадентеровиот принцип, како заштитен механизам на Албанците, ниту уставот.

На маса бил ставен нов предлог на Стоилковиќ според кој би се укинало националното изјаснување на пратениците што во Собранието ќе влезат на националната листа.

-Потребно е да се направат две интервенции. Една во изборниот законик, со тоа што ќе се избрише членот што предвидува кандидатите за пратеници уште при составување на избирачките листи да се изјаснат на која етничка заедница припаѓаат. Втората измена е во Законот за Бадентерово мнозинство, каде што треба да се избрише членот што прдвидува дека избраните кандидати за пратеници при влегувањето во Собрание треба да се изјаснат за националната припадност - вели Стоилковиќ.

Ова практично би значело дека партиите на помали етнички заедници нема да учествуваат на националните листи, а големите партии би предлагале само кандидати што, без разлика на нивната етничка припадност, би биле само идеолошки определени во Собранието. На тој начин во двојното гласање би учествувале само Албанците и пратениците на помалите етнички заедници што влегле по пат на квоти. И Ахмети и Стоилковиќ се договориле експерти да проверат дали ова решение е спротивно на уставните начела, со оглед на тоа дека Стоилковиќ уште додека измените на изборниот  законик беа во собраниска процедура предложи оние пратеници од помалите етнички заедници што влегле во парламентот по пат на националните листи да не гласаат по Бадентеровиот принцип. Тогаш стручњаците оценија дека ваквиот предлог е неуставен, бидејќи ги става во нерамноправна положба пратениците од националните листи и оние од квотите.

Стоилковиќ и Ахмети разговарале и за поинаква шема за изборот на 10-те пратеници. Според предлогот на СДСМ, Турците требаше да добијат четворица пратеници, по два Србите и Власите и по еден Бошњаците и Ромите. Сега се предлага петте помали етнички заедници да добијат по еден пратеник.

-Преостанатите пет да се распоредат според освоените гласови. Така не само бројноста, туку и квалитетот на кандидатите ќе бидат основа за влегување  во Собранието – нагласува Стоилковиќ.

          Со решението деновиве ќе бидат запознаени  и владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. Двајцата политичари на заедничката се договориле измените да се случат по дипломатска активност, која не очекува во наредниот период, но со нив да се заврши најдоцна до есен.

Од СДСМ, кои го дадоа предлогот за пратеници по квоти, велат дека ќе прифатат какво било решение што ќе го договорат албанските партии со претставниците на помалите етнички заедници.  Остануваат на ставот дека и нивното решение било добро и дека не го загрозувало Бадентер.

Компромисното решение би било прифатливо и за партијата на премиерот Никола Груевски. Експертите велат дека најдобро би било да се почека со воведувањето на квотите до спроведувањето нов попис на населението, кој ќе ја покаже точната пропорционална застапеност на етничките заедници.

 

 vreme_logo

10.06.2010.


СЕ БАРА СОЛОМОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ГАРАНТИРАНИТЕ МАНДАТИ

 

И БАДЕНТЕР СИТ И ЗАЕДНИЦИТЕ НА БРОЈ

 

 sobranie

 

Загарантираните 10 пратенички места за помалите етнички заедници ќе бидат ставени во Изборниот законик  најдоцна до есен. Ова го тврди пратеникот Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите посочувајќи дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети договориле начелно решение со кое во Изборниот законик ќе влезат Турците, Србите, Власите, Ромите и Бошњаците, а притоа нема да биде загрозен Бадентеровиот принцип и Уставот. Според тоа за што разговарале на завчерашната средба во Мала речица, лидерот на ДУИ и претставникот на Србите, заедно со претставници од другите помали етнички заедници, би требало да се направат неколку интервенции. Две во Изборниот законик и една во Законот за Бадентерово мнозинство. Стоилковиќ, како што вели, предложил во изборниот законик да се избрише членот што наложува кандидатите за пратеници, уште при составувањето на избирачките листи, да се изјаснат на која етничка заедница и припаѓаат.

- Предложив две решенија со кои сметам дека ќе се премости јазот на неуставност, а Бадентеровиот принцип и понатаму да остане нечепнат. Првото е да се избегне етничко изјаснување на идните пратеници при формирањето на кандидатските листи и откако ќе влезе во Собрание. За тоа е потребно да се изменат по еден член од Изборниот и од Законот за Бадентерово мнозинство – вели Стоилковиќ.

А второто решение што го предложил Стоилковиќ е бројот за загарантираните мандати да остане десет, но место по принципот четворица пратеници да добијат Турците, по двајца

– Србите и Власите и по еден пратеник Бошњаците и Ромите, секоја од петте помали етнички заедници да добие по еден загарантиран мандат, а другите пет да се избираат во согласнот со добиените гласови. Така бројноста нема да биде единствен критериум, туку и квалитет. Ваквите решенија за Ахмети биле прифатливи, но сепак предложил да ги разгледаат и стручњаците за да се обезбеди гаранција дека ќе бидат во согласност со Уставот.

   Од ВМРО-ДПМНЕ вчера неофицијално коментираа дека ако се договори ДУИ со помалите заедници, тие ќе го прифатат решението.

   Од СДСМ велат дека ако тоа е условот за да поминат загарантираните квоти за нив е прифатливо вакво решение.

   -Прифатливо е се што ќе донесе компромис во однос на измените на Изборниот законик. Ние сметаме дека и со нашето решение Бадентеровиот принцип не се доведуваше во прашање и не се загрозуваше двојното мнозинство како заштитен механизам за правата на Албанците. Тоа е истиот предлог што го подготвуваа Кенан Хасипи и Иван Стоилковиќ во согласност со препораките на Кнут Волебег, стручњак за малцински права во ОБСЕ – велат од СДСМ.

   Стручњаците за ова велат дека решението би паднало на Уставен суд дури да се направат измени во Уставот во делот на Бадентеровиот принцип бидејќи на тој начин би се случила дискриминација на загарантираните пратеници од помалите етнички  заедници на сметка на пратениците што би влегле со националните листи на партиите, а се припадници на некоја заедница што не е Македонска.

 

 

Јасминка Догова

 

logo utrinski

10.06.2010.

КАДЕ СЕ КРИЕ КЛУЧОТ ЗА КВОТИТЕ


 stoilkovic vo sobranie


Експертите велат дека најтешка работа е да се најде формула како да се спроведат квотите во нашата македонска реалност

Оливера Војновска


Колку е остварлива идејата за гарантирани мандати на малцинствата и дали наоѓањето на „клучот за Бадентер“ е единствената препрека за реализација на оваа одамнешна желба на малцинствата? Познавачите на оваа материја укажуваат дека најтешката работа е да се најде формулата еден ваков предлогот да се спроведе во нашата македонска реалност.

Професорот на ФОН, Осман Кадриу вели дека гарантираните места се прилично дискутабилна категорија во ситуација кога има избори. „Кога се работи за непосредно изјаснување, не може однапред да се смета дека ќе имаме толкав број гласачи и дека тој процент ќе обезбеди десет мандати. Сосема друга работа е кога се бара да се запази одредена застапеност кога изборот го врши државен орган. Тогаш може да се каже дека толку и толку места ќе има една или друга етничка заедница. Така што, независно од тоа дали има или нема политичка волја, иницијативата е тешко спроведлива во практиката. Пратениците го добиваат мандатот од граѓаните на непосредни избори. Во зависност од тоа колку гласачи се определиле за одредена кандидатска листа, толку места ќе има во Собранието“, објаснува Кадриу.


Сепак, каде се крие клучот за воведувањето на квотите? Политичките претставници на Албанците љубоморно го чуваат Бадентеровиот принцип и бараат цврсти гаранции дека квотите нема да го нарушат механизмот на двојното гласање. Според професорот Кадриу, ваквите стравувања на Албанците не се оправдани. „Гарантираните места не го доведуваат во прашање Бадентер. Двојното гласање не се однесува само на Албанците, туку ги вклучува сите етнички заедници. При изјаснувањето на законите што се гласаат со Бадентер се бара мнозинство од сите претставници на етничките заедници, кои биле присутни на седницата“, вели Кадриу.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве како добар домаќин ги пречека во Мала Речица лидерите на партиите на помалите етнички заедници и им гарантираше дека ќе ги поддржи, но само ако го најдат клучот да не се загрози Бадентер. За ДУИ се прифатливи 10 гарантирани пратенички места за Турците, Србите, Ромите, Власите и Бошњаците, меѓутоа, под услов да се најде модалитет, според кој, при двојното гласање да немаат право на изјаснување и другите пратеници на етничките заедници што би можеле да се најдат на гласачките листи на политичките партии.


Лидерот на ДПТ, Ќенан Хасипи, признава дека е тешко да се најде правна рамка што ќе ги обезбеди гаранциите, кои ги бара Ахмети, но вели дека ќе ја туркаат докрај оваа идеја за воведување квоти за малцинствата. „Го разбирам стравувањето на ДУИ, но законска норма со која на пратениците кои ќе влезат во парламентот преку листите на другите партии ќе им се забрани да гласаат со Бадентер, се коси со Уставот. Сега двете големи партии од македонскиот блок имаат можност да покажат колку биле искрени во намерите за воведување квоти и заедно да го најдеме решението што не би паднало на Уставен суд. Една од варијантите е да се согласат на нивните листи да не кандидираат претставници од етничките заедници“, вели Хасипи. Тој е свесен дека и со ова се повредува едно од основните уставни начела - правото на избор, меѓутоа напоменува дека со политичка волја може да се дојде до прифатливо решение. Како пример го посочува „женскиот клуч“ на пратеничките листи. „И оваа одредба не е докрај во согласност со Уставот, па не се проблематизира“, додава Хасипи.

Минатата недела во Собранието не помина предлогот на СДСМ за востановување 10 гарантирани места за малцинствата. Нивната иницијатива во парламентот не ја поддржа ниту една пратеничка група од власта и од опозицијата, освен онаа на НСДП, ЛП и Нова алтернатива. ВМРО-ДПМНЕ во нив препозна политички трик и обид за додворување на малите етнички заедници, а ДУИ и Нова демократија провокација со која ќе се наштети на Бадентеровото гласање. Либералдемократите наместо зголемување се заложија за намалување на бројот на пратениците на 100. ВМРО-ДПМНЕ, инаку, пред три години имаше идентичен предлог, кој тогаш беше неприфатлив за СДСМ.

 

blanck

SO ZADOLZHITELNITE PRATENICHKI KVOTI ZA MALCINSTVATA

SDSM celosno gi gubi glasachite!

"Izmenite na Izborniot zakonik se kraj na politikata na uceni shto ja sproveduvashe DUI vo mandatot na socijaldemokratite, dodeka za SDSM ova e golema zaguba vo izbirachkoto telo", go tolkuva profesorot Gjorgi Ivanov sprotivstavuvanjeto na opozicionite SDSM i DUI na vladiniot predlog za voveduvanje zadolzhitelni kvoti za partiite na zaednicite. "Site malcinski grupi po pravilo se izvorna baza na socijaldemokratite. Partiite koi uspeaja da se dogovorat so Nikola Gruevski bea izvor na glasovi za SDSM. Sega ima opasnost celosno da go zagubat izbirachkoto telo. Ova ne e politichki problem za opozicijata, tuku psiholoshki", izjavi Ivanov. Spored nego, ohridskiot Ramkoven dogovor e legitimna osnova za vakvite promeni: "Koga politikata ednash bila etnizirana, vekje nema nazad. DUI ne mozhe zasekogash da bide edinstven reprezent na nemnozinskite zaednici". "DUI misleshe sekogash da ucenuva. Koga se najde reshenie se najdoa zatecheni, zashto ucenata vekje nema da uspeva. I Kipar go imashe istiot problem. Poradi mozhnosta na malcinskata zaednica postojano da postavuva ultimatumi, Kipar i denes e vo raspad. Verojatno za DUI toa e najprifatlivo scenario i za Makedonija", objasnuva profesorot. (Vecher)

 


 

Crnogorcite, Hrvatite i Egipkjanite baraat svoj pratenik, Torbeshite najavija neposlushnost

Organizaciite na Crnogorcite, Hrvatite i na balkanskite Egipkjani baraat da dobijat garantirani pratenichki mesta vo Sobranieto so pretstojnite izmeni vo izbornoto zakonodavstvo. Pretstavnicite na tie etnichki zaednici smetaat deka pratenichki kvoti ne mozhe da im se dodelat samo na pripadnicite na zaednicite shto se posocheni vo Preambulata na Ustavot.
Ako ne dobijat chetiri-pet zagarantirani mesta vo kvotite za etnichkite zaednici, Torbeshite (Makedoncite so islamska veroispoved) kje organiziraat protesti i gragjanska neposlushnost - vaka glasi zakluchokot na rakovodstvoto na Partijata za evropska inicijativa od sostanokot vo Struga. Od PEI smetaat deka etnichkata grupa Torbeshi ja sochinuvaat od 120 do 150 iljadi zhiteli, od koi povekjeto pred 2001 godina se popishuvale kako Makedonci-muslimani. (Spored Dnevnik)


VLASTA SAKA DA SE ZACVRSTI VO PARLAMENTOT

Gruevski dava i minister za malcinstvata

Premierot Nikola Gruevski saka da gi vnese vo vladinata koalicija trojcata pratenici od turskata i srpskata zaednica vo parlamentot.
Gruevski im rekol deka za niv vratata na Vladata e sekogash otvorena. Ako ja prifatat ponudata, pratenicite od Turskata demokratska partija i od Demokratskata partija na Srbite kje dobijat edno ministersko mesto vo vladata. Gruevski ponudil partijata TDP na Kjenan Hasipi da go predlozhi ministerot, a Ivan Stoilkovikj negoviot zamenik. Ako trojcata pratenici se reshat na takva opcija, nivni kadri kje rakovodat so edno ministerstvo shto sega go kontrolira VMRO-DPMNE. Vakva ponuda premierot im stavil na masa na Hasipi i na Stoilkovikj otkako postignale dogovor za izmenite na Izborniot zakonik, so koi malcinstvata na narednite opshti izbori dobivaat zagarantirana kvota od deset mandati vo Sobranieto.
Ministerskoto mesto za malcinstvata, velat vladini izvori, mozhe da bide i kako kompenzacija ako opozicijata uspee da gi blokira izmenite na Izborniot zakonik. Vlasta i malcinstvata krojat zaednichka strategija za toa kako da ja probijat blokadata na opozicijata, no ako sepak ne uspeat vo toa, Izborniot zakonik kje se ostavi za podocna, koga kje se sozdadat uslovi za toa. Idejata za vleguvanje vo vladata Hasipi i Stoilkovikj ja primile razlichno, velat ovie izvori. Dodeka Hasipi e rezerviran, Stoilkovikj e zagrean vednash da ja prifati ponudata na premierot. (Vest)

Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.