Serbian English Macedonian Russian
Jul 21

ПОВТОРНА ПРЕСУДА – ПОВТОРНА ОСУДА

 vraniskovski

blanck

 

znak dpsm samo slozno copy za na sajt


С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е


Доследно почитувајќи ја секуларноста на државата повеќепати и над рамките над објективните можности на политичкото дејствување, доследно како партија секогаш сме се залагале за конструктивно разрешување на црковниот спор.

Борбата за остварување на верски права и слободи на делот на српскиот народ кој живее во Македонија отсекогаш била проследена со опструкции, закани, па дури и судски пресуди.

Обидувајќи се во изминатиот период да избегнуваме коментари и осуди на судски одлуки, овојпат не може, а да не констатираме дека судот по две последователно ослободителни пресуди донесува трета осудувачка и истата ја потврдува на апелација, со што директно прави штета, прво: на кредибилитетот на судските институции, второ: на напорите да се зачува започнатиот црковен дијалог и изнајде конструктивно решение, трето: ја загрозува тешко вратената доверба и достигнатото ниво на добрососедските односи по нелегалното признавање на независноста на Косово и Метохија, четврто: прави опструкција на напорите за остварување на слободата на вероисповед на делот од српскиот народ кој живее во Македонија предизвикувајќи директна штета на конструктивната позиција на целокупниот српски народ, и петто: внесува негативен елемент во процесот на евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

Демократската партија на Србите во Македонија со жалење констатира дека сето ова се случува само десетина дена пред официјалното обележување на 2 август – Илинден, Денот на македонската државност, кој и оваа, како и минатата година, требаше да се одбележи во манастирот Свети Прохор Пчињски.

Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност.

Скопје, 20.07.2010.

 

 Демократска партија на Србите во Македонија

Претседател

Иван Стоилковиќ


mia-logo 

Реакција на ДПСМ за одлуката на Апелацискиот суд за случајот Вранишковски

Доследно почитувајќи ја секуларноста на државата повеќе пати и над рамките на објективните можности на политичкото дејствување, доследно како партија секогаш сме се залагале за конструктивно разрешување на црковниот спор.

Борбата за остварување на верски права и слободи на делот на српскиот народ кој живее во Македонија отсекогаш била проследена со опструкции, закани па дури и судски пресуди.

Обидуваќи се во изминатиот период да избегнуваме коментари и осуди на судски одлуки овојпат не може, а да не констатираме дека судот по две последователно ослободителни пресуди донесува трета осудувачка и истата ја потврдува на апелација, со што диреткно прави штета, прво: на кредибилитетот на судските институции, второ: на напорите да се зачува започнатиот црковен дијалог и изнајде конструктивно решение, трето: ја загрозува тешко вратената доверба и достигнатото ниво на добрососедските односи по нелегалното признавање на независноста на Косово и Метохија, четврто: прави опструкција на напорите за остварување на слободата на вероисповед на делот од српскиот народ кој живее во Македонија предизвикувајќи директна штета на конструктивната позиција на целокупниот српски народ, и петто: внесува негативен елемент во процесот на евроинтеграциските процеси на Република Македонија.

Демократската партија на Србите во Македонија со жалење констатира дека сето ова се случува само десетина дена пред официјалното одбележување на 2 Август - Илинден, Денот на македонската државност кој и оваа, како и минатата година, требаше да се одбележи во манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност.

Скопје, 20 јули 2010

ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА СРБИТЕ


makfax_logo


Апелација ја потврди затворската казна за Вранишковски

Апелациониот суд попладнево ја потврди пресудата на Основниот суд според која Јован Вранишковски треба да помине 2,5 години затвор и да ги надомести трошоците.

Одлуката на судот е правосилна, а за да стане извршна треба да мине одреден период, објаснува за Макфакс, претседателот на Апелацискиот суд, Јордан Митриновски. „Странката може да бара одлагање на пресудата доколку поднесе молба“, вели Митриновски.

Апелациониот суд ја потврди првостепената одлука на Велешкиот суд, кој во октомври минатата година го осуди Вранишковски за злоупотреба на 250 илјади евра црковни пари од неколку епархии на МПЦ.

Расчинетиот владика, претходно двапати добиваше ослободителна пресуда, но апелација ја укинуваше и ја враќаше на повторно судење.

Вранишковски не беше во земјава речиси две години, а се врати годинава во јануари на денот на обележувањето на српскиот празник Света Сава.

Фросина Факова

19 јули 2010


logo utrinski

Aпелација му ја потврди казната на Вранишковски

Oдбраната најавува дека ќе бара вонредно преиспитување на пресудата

Две и пол години затворска казна за ексвладиката Јован Вранишковски и да и' ги врати злоупотребените црковни пари со камата на МПЦ. Вака пресече скопскиот Апелационен суд, кој ја потврди првостепената пресуда на велешкиот основен суд.

Пресудата е донесена на 13 јули, а завчера е експедирана до велешкиот суд. Одлуката на второстепениот суд, кој ја одби жалбата на Вранишковски, вчера се' уште не беше стасана во велешкиот суд. Неа ја немаше примено ни бранителот на Вранишковски, битолскиот адвокат Васко Георгиевски, кој не знае каде се наоѓа неговиот клиент со кого се сретнал пред неколку дена. Но, затоа, пак, на веб-страница на ПОА беше објавено дека Јован Вранишковски не е во земјава.

„Архиепископот Јован е на патување надвор од Македонија, каде што ја прими веста за потврдата на затворската казна од страна на Апелациониот суд и со Божја помош има намера да го носи и овој крст, ако е тоа неопходно за единството на Црквата, стои во соопштението. Земја што нема слобода на вероисповед не може да има ниту слободно и независно судство констатираат од ПОА и обвинуваат дека нивниот предводник бил гонет од политички, а не од кривични причини. За нив била очекувана ваквата одлука на Апелација.

„По двете ослободителни пресуди за истото дело, во процес што трае полни седум години, архиепископот Јован е осуден на затворска казна од две години и шест месеци за кривично дело затајување и да и' врати на расколничката МПЦ сума од двесте и четириесет илјади евра. Констатациите што редовно ги искажуваат претставниците на САД и на ЕУ во врска со исполитизираното и подмитливо судство во Р. Македонија во голема мера се основани врз односот што власта и судството го имаат кон членовите на Охридската архиепископија, а особено кон нејзиниот архиепископ, стои во соопштението.

Со изјаснувањето на Апелациониот суд, пресудата на Вранишковски станува правосилна. Извршна, пак, ќе стане во оној момент кога ќе истече законскиот рок од 8 дена, предвиден за евентуално одложување. Одбраната на Вранишковски, иако се' уште не ја добила одлуката, уште сега најавува дека ќе се жали пред Врховниот суд и ќе побара вонредно преиспитување на пресудата.

Македонските судови бараат од Вранишковски да се раздолжи и кон МПЦ и да врати 14.804.211 денари со пресметана камата од 23 февруари 2002 година. За добивање на разликата, пак, до 20.083.620,89 денари, колку што бара МПЦ, судот упатува на граѓанска парница. Од Вранишковски се бара да упати и 111.892 денари на сметка на подрачната единица на Фондот на ПИОМ во Велес.

Бранителот на Вранишковски вчера ја оквалификува одлуката на скопска Апелација како „апсолутно неприфатлива и незаконска“.

„Мојот клиент е невин и нема злоупотребено ниту денар. Згора на тоа, сметам дека судот е ненадлежен да одлучува за овој спор, бидејќи тоа е работа на црковниот суд. Наводните злоупотреби што му се ставаат на товар на Вранишковски, тој ги направил како свештено лице, а не црковно “, вели адвокатот Георгиев, напоменувајќи дека кога ќе ја добие пресудата, ќе ги употреби сите вонредни правни средства што му стојат на располагање.

Демократската партија на Србите во Македонија вчера со жалење констатираше дека судската развска се случува само десетина дена пред официјалното одбележување на 2 Август - Илинден, Денот на македонската државност кој и оваа, како и минатата година, требаше да се одбележи во манастирот „Св.Прохор Пчињски“. Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност, прашуваат од ДПС.

Гордана Дувњак

21.07.2010


logo dnevnik



Чествувањето во „Прохор Пчињски“ под прашање

Српската православна црква деновиве ќе реши дали на македонската страна ќе и' дозволи да го чествува Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, откако во Скопје е потврдена затворска казна за нејзиниот владика Јован Вранишковски.

Црковните извори во Белград изјавуваат дека се крајно револтирани од одлуката на Апелацискиот суд објавена токму во фаза на договарањата за начинот на чествувањето на големиот празник во манастирот во кој се удрени темели на македонската државност.

Второстепениот суд во Скопје, како што е познато, ја потврди одлуката на велешкиот Основен суд, според која му се потврдува две и полгодишната затворската казна на Вранишковски за злоупотреба на 250.000 илјади евра црковни пари од неколку епархии на МПЦ. Случајот се однесува на периодот кога Вранишковски беше владика на МПЦ, која подоцна, откако тој се приклучи кон СПЦ, го распопи од владика. Претходно, распопениот владика двапати добиваше ослободителна пресуда, но апелација ја укинуваше и ја враќаше на повторно судење. Одлуката на судот дојде истовремено кога во медиумите беа објавени информациите дека СПЦ ќе и' овозможи на македонска државна делегација да чествува во кругот на манастирот.

Приврзаниците на Вранишковски од нерегистрираната „православна охридска архиепископија“ оценија дека одлуката на судот е нова потврда за нарушување на верските и човекови права на Вранишковски

- Архиепископот Јован со Божја помош има намера да го носи и овој крст - соопштија од ПОА.

Демократска партија на Србите, пак, се запраша што е мотивот за ваквото постапување.

- Дали е случајно тоа што сите спорни пресуди од ваков карактер доаѓаат пред вака значајни датуми? Дали некој сериозно е заинтересиран за влошување на севкупните односи со Србија, нека процени македонската јавност - изјави лидерот Иван Стоиљковиќ.

(Б.Ѓ.)


logo-vecer

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД ГИ РАЗГНЕВИ СРПСКИТЕ ВЛАДИЦИ

Затворот за Вранишковски ќе ги затвори и портите во "Прохор Пчињски"?!

Официјално српските владици не донеле никакво решение, но најавуваа дека деновиве ќе се изјаснат дали повторно ќе ги затворат манастирските порти откако вчера Апелацискиот суд ја потврди затворската казна за Вранишковски


prohor delegacija


Апелацискиот суд ги разгневи српските владици. Одлуката со која вчера беше потврдена затворската казна за Вранишковски во последен момент повторно ги искомпликува состојбите за чествување на АСНОМ во манастирот Св. "Прохор Пчињски". Иако низ дипломатски канали се било договрено за непречена посета на македонската државна делегација, вчера од СПЦ за Вечер изјавија дека по одлуката на Апелација тешко ќе може да се дојде до разумно решение. Официјално српските владици не донеле никакво решение, но најавуваа дека деновиве ќе се изјаснат дали повторно ќе ги затворат манастирските порти.

Веста за правосилноста на пресудата, ексвладиката Јован ја дочекал надвор од државата. Неговата ПОА соопштува дека ако дојде до извршност, тој повторно ќе замине в затвор.
- Архиепископт Јован е на патување надвор од Македонија и со Божја помош има намера да го носи и овој крст ако е тоа неопходно за единството на црквата, но ќе се моли и ќе прави се да го одмине оваа чаша, стои во реакцијата на неговата ПОА.

Иако досега политичките претставници на Србите во Македонија не ги коментираа судските пресуди за Вранишковски, Демократската партија на Србите вчера преку соопштение изрази можни политички позадини во одлуката на Апелација, особено поради тајмингот кога е објавена таа.
- ДПСМ со жалење констатира дека сето ова се случува само десетина дена пред официјалното одбележување на 2 август, кој како и минатата година требаше да се одбележи во манастирот Св. Прохор Пчињски". Што е вистинскиот мотив на ваквите сценарија? Дали некој сериозно е заинтересиран за вложување на севкупните односи со Србија, прашува партијата на Србите во Македонија.
 
Марјан Николовски

21.07.2010

 

aaaaaaaaa        

Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.