Serbian English Macedonian Russian
Dec 09

ОДИ СИ ВО КОСОВО ДА СОЛИШ ПАМЕТ

ivansobranie


blanck


logo vest


Пра­те­нич­ка­та Радмила Шеќеринска на завчерашната собраниска расправа за "Скопје 2014", на која не се прифати барањето на опозицијата да се стопира про­ек­тот, била инволвирана и во друга расправија. Овој пат пратеникот на Де­мок­рат­ска партија на Србите Иван Стоиљковиќ се пожали дека Ше­ќе­рин­ска од место го навредувал затоа што Камениот мост го именувал како Ду­ша­нов, на кој се устоличувал српскиот владар од средниот век.

"Да си одиш дома, да си одиш на Косово, и таму да солиш памет", му рекла нервозно Ше­ќе­рин­ска на Стоилковиќ кој, според неа, ги навредувал граѓаните со тоа што тврдел де­ка камениот мост не го изградиле Турците туку српскиот владетел Душан. Според не­го, Шеќеринска со тој гест, практично, повикува сите Срби од Македонија да ги исе­лат на Косово.

Об­ви­ну­ва­ња­та на Стоиљковиќ вчера ги негираше пратеничката Шеќеринска, ко­ја тврдеше дека нејзиниот колега ја клевети. Според неа, на Стоиљковиќ му ста­на­ло навика да лаже бидејќи не го исполнил ветувањето дека ќе ја на­пуш­тил Владата ако се признае Косово, а учествувал и во сомнителната про­даж­ба на Српската куќа во Скопје.

 
                                                                

09. 12. 2010.


blanck
Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.