Serbian English Macedonian Russian
Mar 13

ИЗЛАГAЊЕ ПОСЛАНИКА ИВАНА СТОИЛКОВИЋА ПОВОДОМ ИНЦИДЕНАТА У РМ

ivan stoilkovic - govornica

blanck

         

БЕЛЕШКИ

Од  Петтата седница  на Комитетот за односи меѓу заедниците,

одржана на 09 март  2012 година

 

 Ермира Мехмети:

Благодарам.

Бидејќи, како што реков на почетокот, пракса е, им се дава предност на членовите на Комитетот,  па сега збор има господинот Стоиљковиќ, а после се госпоѓа Демири Креци, господинот Милетиќ и господинот Влатко Ѓорчев.

Повелете господине Стоиљковиќ.       

Иван Стоиљковиќ:

Благодарам госпоѓо претседател.

Ќе се обидам во што пократок временски период да поентирам со неколку мислења за кои сметам може да бидат дел од одговорите на прашања кои се поставуваат, бидејќи во досегашниот тек на расправата не слушнав ниту еден, условно кажано, одговор на сите прашања кои се поставуваат во врска со сето тоа што се случува. Значи имавме водење на партиска политика без сериозна анализа од каде сето тоа потекнува, каде тоа се води, чија е одговорноста, колкава е одговорноста, на кого е одговорноста и каде е одговорноста. Јас ќе се обидам ногу крако да ги лоцирам одговорностите за случувањата само на три места. Инаку се наоѓаме под многу сериозна политичка ситуација, условно кажано, со еден феномен во политичкиот живот на Република Македонија каде што црната хроника станува политика, а политиката станува црна хроника. Ако тоа е веќе реалност и ако тоа ни се случува секој ден, која е нашата одговорност како политички претставници во Собранието на Република Македонија, зависно дали сме од власт или опозиција, која е одговорноста на медиумите во Република Македонија, која е одговорноста на носителите на сите јавни и политички функции во оваа држава, не избегнувајќи нечија одговорност од една страна, а од друга страна не амнестирајќи некого, значи без амнестија. Јас ќе се обидам да говорам општо, не како господинот Бишевац да се повикувам на помалите етнички заедници, а да зборувам за интерпелација на министерот за внатрешни работи, туку ќе кажам само во кратки црти.

Прво што сметам јас од каде доаѓаат овие работи или за сето тоа што се случува може да се бара некакво образложение тргнува од одговорниот односно не одговорниот однос, толкувањето и спроведувањето на Рамковниот договор. Кој како ќе сфати, негов проблем. Меѓутоа, Шекспир рекол - и ѓаволот може да ја толкува Библијата заради сопствени потреби. Така и ние се наоѓаме во ситуација понекогаш некои од нас да го толкуваат Рамковниот договор согласно на тоа како ќе му одговара за дневно политички интереси, водејќи сметка, можеби во одреден момент да профитираат, а не водејќи сметка за тоа што, условно кажано, надвор од некои договорени работи, прават штета на друго место. Да не заборавиме дека Рамковниот договор се преточи во амандмани во Уставот на Република Македонија и тие се правно обврзувачки за сите. Не зборуваме за духови, бидејќи ако почнеме да зборуваме за духови, работата веќе ќе излезе надвор од контрола. Зборуваме само за правно обврзувачки рамки и сметам дека она што сите треба да го направиме, или треба да биде порака, не само заклучоци туку и порака.

Една од пораките, отприлика би требало да биде, да се престане со различните толкувања на Рамковниот договор и политички злоупотреби на истиот за ситно политички интереси кои прават големи штети.

Втората работа која сакам посебно да ја потенцирам и да го насочам вашето внимание и вниманието воопшто на македонската јавност е неодговорниот или неодговорниот, или како сакате, однос кон правна држава. Ако веќе се стремиме кон Европската унија, ако владеењето на правото е фундаментална вредност на Европската унија, тогаш треба да ги почитуваме и процедурите и институциите. Ние понекогаш навистина се наоѓаме во ситуација законот да не важи подеднакво за сите и понекогаш оттука произлегуваат сите проблеми кои подоцна и во јавниот и во политичкиот живот ни се јавуваат. Затоа од тој аспект, еден сериозен повик од ова место, од сите нас, почитување на институциите на системот до крајна граница, во исто време и одговорност кон институциите на системот доследно да се спроведува системот и политиката на владеењето на правото. Мислам дека тука лежи и еден од основните предуслови за нормализација на севкупните прилики во Република Македонија. Инаку, имаме ситуација за било кој настан во Република Македонија, секоја политичка институција во Република Македонија е изложена на сериозен, не само политички притисок, туку притисок и на јавноста и секој притисок на така наречени слободни новинари, аналитичари, експери, полуобразовани стручњаци од различни области кои со своите активности вршат  таков негативен притисок врз институциите на системот што воопшто со својата активност прават лоша услуга не само на институциите на системот туку и на граѓаните на Република Македонија затоа што ги оневозможуваат институциите на Република Македонија до крај да си ја завршат својата работа. Тука никој не треба да ја симнува одговорноста од себе. Секој од нас е одговорен за оваа работа. Понекогаш работите можеби не изгледаат многу комплицирани, меѓутоа во суштина се многу прости.

Трета работа за која исто така сметам дека треба да се потенцира и на која треба да се обрати внимание, тоа неодговорниот однос на носителите на јавни и политички функции, тука ќе се задржам на политичарите, во однос на употребата на националниот односно етничкиот принцип во остварувањето на правата. Тука имаме сериозен проблем. Тука се користи говорот на омраза, тука се користат слабостите на институциите на системот, понекогаш, тука се користи новинарството во Република Македонија кое на најниски гранки, можеби во Република Македонија, од повеќе аспекти, како од професионални така и сите други аспекти. Така што, станува збор на конгломерат на состојби кои даваат простор за да може секој како ќе посака да се повика на било што во Република Македонија, без да сноси било каква одговорност. Кажете ми во десетина последни случаи во Република Македонија каде носителите на политички во Република Македонија имаа говор на омраза, дали еден новински напис во Република Македонија имаше против таков политичар. Дали некој во Република Македонија се дрзна да осуди говор на омраза. Јас најодговорно тврдам дека не, затоа што на три последни настани сум лично сведок. Ние имаме состојба каде што на некого му е дозволено се, не водејќи сметка за последиците кои ги предизвикува неговото однесување, а на некого, ако проговори било што, тогаш му се сипува и тоа што е и тоа што не е. Од тој аспект еден од заклучоците или од пораките кои би требало да ги пратиме, не само во пишаниот дел, туку и настапите во јавноста, тоа е да се установи, условно кажано, одделно однесување не само на нас политичарите туку и на новинари, експерти и било кој во Република Македонија во јавниот и политичкиот живот. Ваквите ситуации не смеат да бидат предмет на политичка трговија и уцени, а уште помалку можат да бидат предмет на политичка дестабилизација на јавниот и политичкиот живот во Република Македонија. Кој тоа не го сфатил мислам дека длабоко загазил односно за него важи онаа изрека - човекот кој стои подолго време во гаража ако помисли дека ... има проблем. Така и за нас, претстојот во Собранието на Република Македонија не не прави политичари однапред. Секој, таа функција и тоа што го работи, треба да си го заслужи со своето јавно и политичко дејствување и ангажман. Тоа е пораката и од овде, а тоа е пораката и кон новинарите. Значи, имаме ситуација, политички случувања каде што се отвора можност да се манипулира, нивниот простор треба да се смалува од аспект да се влијае на ловците на ситни политички поени во случаи каде се повредуваат и губат млади животи, да се смали на што помала мерка, а за тоа одговорноста не е само наша како учесници во јавниот и политичкиот живот во Република Македонија, туку и на носителите на сите јавни и одговорни функции во Република Македонија, од новинари, експерти и натаму, како и претставниците на Меѓународната заедница. Благодарам.          

Ермира Мехмети:

Благодарам господине Стоиљковиќ.


blank 

 

 

 

 

 

 

 


Наш Бр. ________________  Датум: ___________ 201__ год.     Ваш Бр. _______________

 

ДО

 

Предмет: Известување 

            На ден 17.04.2011 година (недела), во Општина Старо Нагоричане се одржа традиционална Мотокрос трка "ЗАБЕЛ 2011" во организација на Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Мотоциклистичка федерација на Македонија и мото-крос клуботВардарод Скопје.

            Трката беше организирана на стаза направена по европски стандарди на м.в. Забел во Старо Нагоричане. Учествуваа познати имиња во мотокрос напреварувањата од нашата земја, Косово и  Бугарија.

            Трката помина во возбудлива атмосфера со голем број на посетители и гледачи кои беа воодушевени од натпреварувачите.

На патеката Забел во близина на Старо Нагоричане, по одлично време за возење се одржа првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос. Бројната публика имаше можност да ужива во вкупно пет трки, класите МХ1 и МХ2 возеа во една дивизија (две трки), натпреварувачите во класата МХ3 која не се бодува за домашното првенство ги видовме еднаш, а две трки се возеше и во класата МХ85.

Вниманието на публиката го привлекоа младите Зак и Блек Скот, кои по потекло се од Јужна Африка, а настапија на трката како членови на МК Вардар од Скопје. Публиката со смеење и аплауз ги проследи бројните падови на шест годишниот Зак, кој и покрај се ги заврши двете трки.

 

            На трката по класи Ви ги прикажуваме победниците:

 

            MX-85
1.Фетија Елези MK Vardar Kawasaki 25+25
2.Блек Скот MK Vardar KTM 22+22
3.Зак Скот MK Vardar KTM 20+20

MX-2
1.Никола Гулевски MK Pelister Suzuki 25+25
2.Драган Ванов MK Moto Veles KTM 20+22
3.Емин Халили MK Shar Tetovo Kawasaki 22+20
4.Стефан Денковски MK Vardar Kawasaki 18+18

MX-1
1.Гоце Томовски MK Gogo Honda 25+25
2.Јован Јовановски MK Motostars Suzuki 22+22
3.Миодраг Станкович MK Motostars Kawasaki 20+20
4.Игор Спиров MK Gogo Honda 18+18

MX-3 (Хоби)
1.Борче Стојановски MK Motostars Suzuki 25
2.Ѓоре Караколев MK Moto Veles KTM 22
3.Глен Скот MK Vardar Kawasaki 20
4.Сашко Ванов MK Moto Veles Suzuki 18
5.Диме Цветков MK Vardar Kawasaki 16

 

 Со почит,                                                                                    

изработил: Л.Д.                                                                                Градоначалник

 

  

Миодраг Јовановиќ, дипл.маш.инж 

Автор: InDesign™
Печати PDF

glas_rusije_logo12

Глас Русијe

на српском језику

Међународни радио

Србија

Глас Америке

на српском језику

2010 © InDesign™. Сите права се задржани.